еМагазин
Image default
Македонија

Вучиќ пред средбата со Путин: Не се мешам во внатрешните работи на Македонија, но НАТО и ЕУ да покажат поголема почит

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по повод референдумот во Македонија, рече дека Србија има јасен став, а тоа е дека го почитува секој договор помеѓу Грција и Македонија, но дека не може да се запостави што мисли народот и не може да се наметне ништо на сила, јавуваат српските медиуми.

Тој додал дека очекувал повеќе разбирање од светот за резултатот од референдумот во Македонија и ги замолил ЕУ и НАТО да покажат повеќе почит кон „малите народи“, бидејќи како што истакнал „демократијата, Уставот и законот се тука за да се почитуваат„ и „тогаш кога одлуката на народот не им се допаѓа.“

Прашан да ги искоментира оценките од ЕУ и НАТО за референдумот за новото име на земјата, Вучиќ додал дека не е негово да оценува ниту да се меша, но дека очекувал поразлични реакации.

„Се плашам и ми се чини дека некои луѓе од светот, нас малите балкански народи не потценуваат и мислат дека баш се може да помине“, изјави Вуќиќ додавајќи дека се однесуваат така, како што може да биде само како што тие мислат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сигурен сум дека министерот ќе ја поправи грешката, моето место е на Кардиохирургија, вели Јовев

Редакција

Нови 977 случаи на Ковид-19 од 2.930 тестирања

Редакција

Детален преглед на активни пожари низ Македонија

Редакција