еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје

Адвокат на возраст од 68-70 години денеска починал во Граѓанскиот суд во Скопје.

Информацијата на Фејсбук ја сподели адвокатот Јанаки Митровски.

„Бев сведок на исклучително непријатна ситуација. Чекајќи судење на прв спрат во скопскиот граѓански суд во девет наутро, одеднаш се слушна силен тресок, и колега адвокат падна на земја пред мои очи.

Притрчавме повеќе луѓе, го полија со вода но колегата помодре на ликот и не даваше значи на живот. Друг колега не можеше да му најде пулс. Викнаа брза помош која, секоја чест, дојде за шест минути, но за жал не успеаа да го реанимираат и човекот си почина на работното место. Лесна му земја“, напиша тој и алармира дека се работи за исклучително стресна професија која секојдневно го зема данокот.

„Навистина сакам да алармирам, мимо сите гнусни стереотипи околу адвокатурата, дека се работи за исклучително стресна професија која секојдневно зема данок. Баталете ги предрасудите дека отвараш канцеларија и пари врнат, реалноста е дијаметрално спротивна и адвокатскиот леб е многу горчлив.

Воедно сакам и да апелирам на постарите колеги и колешки (починатиот колега имаше 68-70 години) дека нема потреба да се работи до смрт. Лично немам никаква намера да работам адвокатура после моите педесет и две-три години.

Премногу се вознемирив, и се уште сум, вечна му слава на колегата и сочуство до семејството“, напиша меѓудругото Митровски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска почнува новото судење за масовното прислушување, Сашо Мијалков повторно во обвинителна клупа

Редакција

Запалени три куќи кај селото Побожје, уште гори во кумановскиот и прилепскиот регион

Редакција

(Видео) Нова „бомба“ на Антонио Милошоски: „Заев договорал одлуки на Врховниот суд“

Редакција