еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

До каде е истрагата за Палевски?

Поради недостапноста на Љупчо Палевски Палчо, првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, истрагата за овој случај се уште не е завршена, па затоа нема ни обвнинение за него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Палевски се уште нема обвинение

Тој наскоро треба да го даде ствојот прв исказ пред обвинител, а како што е познато откако беше екстрадиран од Турција, каде избега, моментално е во истражниот затвор Скопје, попознат како Шутка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како беше донесен Палевски во Шутка

Од Јавното обвинителство (ЈО) информираа дека истрагата е во завршна фаза.

-За петмина осомничени, од кои тројца соизвршители во тешките кривични дела – две грабнувања и две убиства на свиреп начин, еден осомничен за помагање при грабнувањето на малолетно лице и еден осомничен за помагање по извршеното кривично дело, истрагата е во завршна фаза, велат од ЈО.

За Палевски се активираше мерката притвор веднаш штом беше екстрадиран во земјава.

-Во однос на ова лице, јавниот обвинител презема истражни дејствија на прибавување и анализа на докази кои во оваа фаза на постапката не можат да бидат споделени со јавноста, информираа од ЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Палчо во наводно писмо тврди дека тој барал брза екстрадиција: „Министерот Лога лаже“

(Фото) Партијата „Десна“ објави наводно писмо од Палчо, во кое вели дека не киднапирал и убивал деца и старци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ, одложено за 12 септември

Редакција

Уставниот суд го отфрли барањето на Каракамишева за повреда на правата и слободи со Договорот од Преспа

Редакција

Затворен мостот од Железничка до Ист гејт, не се знае кога ќе биде отворен за сообраќај

Редакција