Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) денеска со 84 гласа „за“ ја усвои Резолуцијата за Сребреница. Деветнаесет земји гласаа „против“, а 68 беа воздржани.
Македонија е меѓу земјите кои ја подржаа Резолуцијата и е една од 34. земји коспонзори на истата.
Со Резолуцијата 11. јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот извршен во Сребреница во 1995 година, кој ќе се слави секоја година, повикувајќи се на пресудите на Меѓународниот суд на правдата и Меѓународниот трибунал за поранешна Југославија.
Во истата се нагласува дека кривичната одговорност за геноцидот е индивидуализирана.
Резолуцијата ја предложија Германија и Руанда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ и се „заблагодари“ на Македонија за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница
Дали Османи во врска со Сребреница зборува во името на цела Македонија, прашува Дачиќ
Фото: Унсплеш