ЈП Водовод и канализација Скопје информира дека денеска од 21 часот до 05 часот наутро во недела, 26.05.2024 година ќе се спроведе и реализација на реконструкција на водоводна мрежа во Центар и тоа реон Водно, со чија реализација и целосна замена на старата со нова мрежа ќе се овозможи подобро водоснабдување за граѓаните во овој дел на градот без дефекти и загуби на вода.
„Во текот на изведбата на оваа реконструкција, прекин на водоснабдувањето ќе имаат дел од жителите од реон Водно и Козле, Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје, Вила Водно и резиденцијални објекти во реон Водно.
За покривање на потребите за вода за пиење во здравствените установи цистерни со питка вода ќе бидат поставени пред Клинички Центар „Мајка Тереза“ и Детската болница „Козле“. Исто така цистерни со вода за пиење ќе бидат подготвени во Дежурната служба на Водовод Скопје, кои на повик ќе гравитираат врз основа на потребите на граѓаните од реоните Сарај и Водно во периодот од 21 до 05 часот,“ се вели во соопштението.