Од Македонското еколошко друштво (МЕД) информираат дека и на Илинска-Плакенска планина има балкански рис.
-По 15 години работа на Илинска-Плакенска Планина, конечно успеавме да потврдиме балкански рис. Со ова се докажува значењето на овој биокоридор кој ги поврзува заштитените подрачја во Западна Македонија.
Сесијата на фото-замки се оствари со помош на соработката со планинарското друштво „Бигла“ од Демир Хисар, информираат од таму.
Фото: МЕД
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.