еМагазин
Image default
Локално

Во полошко за еден месец уапсени 120 дилери на кокаин, хероин, екстази, хашиш..

Во рамките на планираните активности на Секторот за внатрешни работи Тетово за откривање и санкционирање на лица кои се инволвирани во „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, во текот на минатиот месец, поточно од 6-ти до 28-ми септември, на поширокото полошко подрачје лишени од слобода се вкупно 120 лица, информира МВР.

Најголемиот број од нив ( 92 ) лишени се на тетовското, а 28 на гостиварското подрачје. Претежно станува збор за машки лица на возраст од 15 до 45 години, не само од Тетово и Гостивар, туку и од повеќе села, кај кои пронајдена, фотодокументирана и одземена е марихуана, кокаин, хероин, хашиш и екстази.

По целосно документирање на случаите против лицата се поднесуваат соодветни кривични пријави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилепчанец почина по удар од автомобил

Редакција

(ВИДЕО) “Ма каква корона“: Плажите во Охрид преполни, дистанцата невозможна

Редакција

Кавадарчанец ја силувал поранешната сопруга

Редакција