еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Претседателот на Уставен суд поднел пријава до МВР за закани по живот и безбедноста на судиите

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска поднел пријава до Министерството за внатрешни работи, за упатени закани по животот и безбедноста на судии на Уставниот суд, информираат од таму.

Дарко Костадиновски

„Пријавата е поднесена поради директно упатени закани кон судија односно судии поврзани со постапување по конкретен предмет од страна на Судот.

Претседателот Костадиновски најостро ги осудува ваквите закани упатени до судиите, истакнувајќи дека во едно демократско општество, вакви и слични закани претставуваат напад врз интегритетот на Уставниот суд, но и директен притисок врз независното и самостојно одлучување на сите судии.

Поради сериозноста на упатените јавни закани и повици за насилство, Судот очекува надлежните органи професионално и навремено да ги превземат сите неопходни мерки и активности за расветлување на овој но и слични закани кон судиите“, се вели во соопштението.

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Против oмикрон сојот, ниту вакцините ниту прележаноста не даваат заштита од заразување, додека и двете даваат солидна заштита од смртен исход

Редакција

(Видео) Погледнете ја реакцијата на ракометарите на Вардар после победата

Редакција

Бугарскиот премиер Кирил Петков сепак доаѓа во Македонија на 18 јануари

Редакција