еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Итно е потребна помош за да се спаси срцето на петмесечното бебе Аника

Итно е потребна вашата помош за да спасиме срце на 5-месечното бебе Аника од Скопје кое уште од самото раѓање се соочува со здравствени проблеми како резултат на вентрикуларен септален дефект. Вашата донација, колку и да е мала, може да и биде шанса за живот!

„Вентрикуларниот септален дефект е вродена срцева мана каде доаѓа до мешање на крвта во коморите на срцето и симптомите за жал најчесто се појавуваат во почетните месеци од животот што е и случај кај малата Аника.

Бледилото, бавниот раст, лесното заморување, забрзаното дишење се само еден мал дел од симптомите со кои се соочува малата Аника, а за среќа се решливи со оперативен зафат кој родителите на Аника не се во можност да го подмират и истиот треба да се изведе на клиника во Бугарија.

Оваа интервенција гарантира нормализирање на состојбата, целосно стабилизирање на состојбата и нов нормален живот за малата Аника,“ се вели во апелот на ecrowd.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тежок тендер“: „Бапал“ ќе ги чисти објектите на државната управа за 204 милиони денари

Редакција

Убава вест: Оздравени 722 пациенти од Ковид-19

Редакција

Четворица македонски државјани евакуирани од Судан

Редакција