еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

На компании од власта им било барано и до 100.000 евра корупција

Анкета спроведена од Стопанската комора покажува дека 83,3% од 138 компании сметаат дека корупцијата е во топ три најголеми проблеми во државава.

Прашани на кое ниво во јавниот сектор најчесто наишле на корупција, дури 78% одговориле дека тоа се случило при работа со централната власт, додека 22% при работа со локалната власт.

Компаниите се соочиле со коруптивни барања во постапка за добивање некакво одобрение или дозвола, инспекциски надзор, царинска, тендерска, даночна, судска, катастарска и други постапки.

„Корупцијата е канцер на општеството и го кородира одвнатре. Но, многу луѓе не разбираат колку е голема штетата од корупцијата и дека таа ги погодува сите, затоа што парите од поткупот завршуваат во приватни џебови наместо во буџетот во државата и потоа државата нема пари за да им обезбеди квалитетни услуги на граѓаните, во образованието, во здравството, итн.,“ изјави денеска потпретседателот на Комората, Зоран Јовановски, при презентација на резултатите од анкетата.

Најчесто биле побарани пари, подароци и услуги, но има и неколку примери со барања за нечие вработување или унапредување, како и барања за донација во политичка партија.

Анализирајќи колкави средства биле побарани од компаниите во приватниот сектор кои се соочиле со корупција, кај 51,2% биле побарани од 1.000 до 10.000 евра, но пет компании на прашалникот одговориле дека се соочиле со барања за повеќе од 100.000 евра.

Кога се во прашање јавните тендери, најчесто се барало 6-10% од вкупниот износ на тендерот.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Законски измени: Наместо породилно, ќе има мајчинско, татковско и родителско отсуство

Редакција

Македонскиот амбасадор во Јапонија отповикан, опозицијата тврди дека е поради сексуално вознемирување на колешки

Редакција

(Галерија) Блерим Река приватно: Има три деца и е дедо на две внуки и два внучиња

Редакција