еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Километар од пругата до Бугарија може да чини 24 милиони евра, вредноста на третата фаза од железничкиот Коридорот 8 пораснала за 220 милиони евра

Километар од пругата до Бугарија може да чини 24 милиони евра. Вредноста на третата фаза од железничкиот Коридорот 8 пораснала за 220 милиони евра, покажа извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР), “Реализација на капиталните инвестиции финансирани преку Буџетот на Република Северна Македонија, ЕУ фондови и средства од други меѓународни финансиски институции во надлежност на централната власт и локалната самоуправа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Бехтел и Енка“ не ги градат автопатите според планираното, вредноста не може да се потврди, открива Државна ревизија

Според билатералниот договор помеѓу Европската Унија и Македонија проценетата вредност на проектот беше 340 милиони евра, а сега е проценет на најмалку 560 милиони евра.

Станува збор за изградба на 23,4 километри железница.

Новиот министер за транспорт, Александар Николоски го повика Јавното обвинителство да истражи зошто Јавното претпријатие за државни патишта ја зголемило вредноста на проектот.

Тој откри и дека пругата завршува во тунел кој што нема крај и дека поминува буквално среде Крива Паланка, па ќе треба да се рушат куќи.

„Се работи за железничка пруга која што треба да оди од пред Крива Паланка до граница со Бугарија. Железничка пруга којашто поминува среде град, буквално поминува среде Крива Паланка, треба десетици, а можеби и стотици куќи да се рушат, да се иселува население и најважното, завршува во тунел кој што нема крај.

Ќе прашате зошто? Затоа што според проектот, а и секако според законите, Вие можете да градите само на сопствена територија. Предвидено е поврзувањето со Бугарија да оди преку тунел, но тој тунел може да се изгради само до границата со Бугарија и истиот треба да го преземе и да го гради Бугарија од другата страна во услови кога Бугарија нема направено ни проект за железничко поврзување со Македонија“, изјави Николоски.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТТК Банка: Престанокот на производство во „Тетекс“ нема да влијае врз нашата работа

Редакција

Следува период на сончево време со повисоки температури, од недела повторно заладување

Редакција

„Жито Лукс“ откупи 29.403 сопствени акции

Редакција