еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ од Ковачевски

Венко Филипче денеска ја презеде функцијата претседател на СДСМ од Димитар Ковачевски.

„Следи период на многу работа, обединување и реформа на СДСМ. Процесот нема да биде ниту брз ниту лесен, но освен темелни промени не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите, за да може постепено да ја освојуваме и довербата кај граѓаните.

Ќе водам со пример, ќе обединувам и ќе работам како што ветив, како што се обврзав пред членовите.

Сечиј глас ќе биде слушнат. Со честа и отворена комуникација со членството ќе создадеме нова енергија на партијата која ќе ја трансформираме во една ефикасна организација. СДСМ ќе се врати посилна и ќе продолжи да биде мотор на општествениот напредок,“ изјави Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче, новиот лидер на СДСМ, прв функционер кој детално пријавил каде има акции

Каков имот пријавил Венко Филипче, новиот лидер на СДСМ: Има фирма во Бугарија и неколку станови во Скопје

Фото: Филипче/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И покрај изминувањето на редовниот рок, потрагата по Мартин продолжува и утре

Редакција

Португалија уште во јануари си кажа дека е на страната на Бугарија во спорот со Македонија

Редакција

Одложено судењето за Мерко, неговата одбрана достави нови докази

Редакција