По бројни најави и драма дека Македонија ќе добие 1 милијарда евра заем, на крај излезе дека ќе добие само половина милијарда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Унгарија наместо 1 милијарда ќе и позајми на Македонија 500 милиони евра
На Самитот на НАТО во Вашингтон, САД, конечно се реши и мистеријата која е земјата која ќе и даде пари на заем на Македонија. Не е Кина, не се Обединетите Арапски Емирати, тука е Унгарија, со која земјава ќе има специјална финансиска соработка, што и не беше тешко да се претпостави.
Информацијата вчера ја споделија од Владата од каде информираа дека позајмицата од унгарската Влада е со камата од 3,25 проценти, три години грејс период и 12 години рок на отплата или вкупно 15 години, а истата била договорена на средба на македонскиот премиер Христијан Мицкоски и неговиот унгарски колега Виктор Орбан.
Половина од сумата ќе оди за фирмите, а другата половина за општините.
Нема ништо спорно во новото задолжување, кое може да се каже дека е под поволни услови. Најразвиените земји во светот се меѓу најзадолжените.
Но, двете основни прашања се, што ќе добие Унгарија, која е поприлично осамена и во НАТО и во Европската Унија за тие пари (никој не дава пари за џабе) и секако како државата ќе ги потроши овие пари, кои ќе ги враќаме, ние, граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Мицкоски до Орбан на групната фотографија од Самитот на НАТО
Фото: Орбан/Фејсбук