еМагазин
Image default
Локално

Полицијата во лов на пијани возачи

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера и денеска во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.

Од страна на полициски службеници контролирани се 180 возачи, a кај 33 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека еден одбил да подлежи на алкотестирање.

По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се 34 мерки. Исклучени се 34 возачи од сообраќај, издадени се 34 мандатни платни налози и откриени се 48 останати прекршоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изел ќотек од колега во комплексот клиники „Мајка Тереза“

Редакција

Скопјанец изел ќотек од алкохолизиран сограѓанин

Редакција

Полицијата приведе Кубанка кој илегално живеела во Прилеп

Редакција