Телекомуникациската компанија Vip ја збогатува својата понуда со уште еден уникатен уред, овојпат наменет и дизајниран за домашните миленици. MyKi Pet уредот достапен ексклузивно преку мрежата на Vip им помага на сопствениците на домашни миленици да го следат нивното движење и локацијата на која се наоѓаат и тоа во реално време користејќи Android/iOS апликација.
Независно од тоа колку миленичињата се тренирани, приврзани кон своите сопственици, постои можност да залутаат или да се изгубат, а во тие моменти брзата реакција од страна на сопствениците е од најголема важност. MyKi Pet е уредот кој овозможува сопствениците да ја следат локацијата на својот миленик каде и да се наоѓа и секогаш да знаат каде точно се наоѓа.
Се одликува со едноставност за употреба и е произведен од нетоксични и безопасни материјали. Како дополнителна функционалност достапна е програмата за “тренинг” која нуди преку 4 различни звуци кои овозможуваат дресура на милениците да извршуваат различни команди.
Преку GPS, LBS и Wi-Fi локализацијата, MyKi Pet овозможува прецизна локација на миленичето со точност до 10 метри.
Сопственикот на миленичето може да постави безбедносна зона околу вообичаеното место за прошетка и доколку миленичето ја премине оваа зона, сопственикот во истиот момент ќе добие нотификација.
Тракерот тежи само 28 грама и затоа е лесно да се постави независно од големината на домашниот миленик.
MyKi Pet тракерот е достапен за 0 денари, со договор склучен на 24 месеци за тарифниот модел Vip MyKi Pet со претплата од 199 ден./месечно.