еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Северен ветер ќе услови благо намалување на температурите кои се во пораст

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност, особено во планинските подрачја каде ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од северен правец над 60 километри на час.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 33 до 40 степени. UV=8

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 38 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во наредните денови ќе биде претежно сончево и топло.

Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 60 km/h) што ќе услови благо намалување на утринската и дневната температура.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови правила за влез во Грција од утре: ПЦР-тестирањето за деца ќе почнува од 12-годишна возраст, а ќе се влегува и со брз антигенски тест

Редакција

(Видео) Филипче гостин во „90 секунди“ на познатиот јутјубер Стефонатор: Што би понел на пуст остров

Редакција

Канцероген српски чипс вратен од Хрватска, го има ли и на македонскиот пазар?

Редакција