еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Венецуела обвини за хакерски напад од Македонија при пребројувањето на гласовите на претседателските избори

Венецуела обвини за хакерски напад од Македонија при пребројувањето на гласовите на претседателските избори, пренесуваат тамошните медиуми..

Обвинувањето вчера сигнаа од венецуелскиот јавен обвинител Тарек Вилијам Сааб, кој рече дека опозициските лидери Лестер Толедо, Леополдо Лопез и Марија Корина Мачадо организирале хакерски напад на Државната изборна комисија на Венецуела (ЦНЕ), при пребројувањето на гласовите од претседателските избори.

Според него нападот дошол од ај-пи адреси во Македонија, а истиот бил извршен врз електронскиот систем кој го забавил пребројувањето на гласовите.

Комисијата на Венецуела објави дека актуелниот претседател Николас Мадуро освоил трет мандат со 51,2% од гласовите, а неговиот противкандидат, опозицискиот претставник, Едмундо Гонзалес, Урутија, имал 44,2 отсто од гласовите, но без да презентира официјални податоци. Истите не се објавени поради обвинувањата за хакерскиот напад.

Истата информација ја сподели и Мадуро.

Опозицијата најави дека ќе ги оспори резултатите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Новите мерки против Ковид-19 последен чекор пред полициски час

Редакција

Поранешниот премиер топ тема во регионални медиуми: „Каде се крие Груевски?“

Редакција

Цените на угостителските услуги продолжуваат да растат

Редакција