Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов информираше дека денеска седница одржал Управувачкиот комитет, на која е донесена одлука за да и се предложи на Владата да го ангажира НАТО механизмот за помош.
„Денеска имавме седница на Управувачкиот комитет, на која донесовме одлука да предложиме на Владата да се ангажира и т.н. НАТО механизам за помош кој во суштина ги нуди истите работи, како и механизмот на Европската унија, но преку него можеме да бараме помош во пешадија односно помош во искусни пожарникари.
Во овој момент таква потреба немаме, но истата може да се појави во текот на денот. Во овој момент имаме доволен број на пожарникари,“ рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пристигна помош од Србија во гаснењето на пожарите, се очекува и од Чешка и Германија
(Фото) Повик до сите граѓани и институции, да помогнат во гаснењето на пожарот кон Пехчево
Фото: МВР