Од 360 Степени, која се емитува на телевизијата Алсат М неофицијално дознаваат дека мнозинството смета на поддршката на десетина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери.
„Се зборува за бројка од вкупно 82. пратеници, кон која би можел да се приклучи и Ферид Мухиќ, пратеникот од листата на СДСМ, кој не гласаше за ратификација на Договорот со Грција„, објави 360 Степени.
Од таму го контактирале Мухиќ, кој рекол дека во овој момент не може да се произнесе, зашто сака претходно да ги види уставните измени.
За да поминат уставните измени во Собрание потребни се гласовите на најмалку 80 пратеници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите детали од владиниот предлог за промена на Уставот
Отворено писмо на Мицкоски до Заев: Владата покажа дека се плаши од избори
Кои се можните датуми: Во Собрание подготвени и за избори и за уставни измени