еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Наскоро нов состав на историската Комисија со Бугарија

Наскоро ќе биде променет составот на македонскиот тим од заедничката Комисија за историски и образовни прашања, најави премиерот Христијан Мицкоски, според кој актуелниот состав на Комисијата не е заштитник на интересите на Македонците.

– Нема политичка заднина во промената на членовите на мешовитата Комисија. Нормално е дека новата Влада, составена од нови луѓе, ќе сака кадровски промени и не гледам што е страшно ако Комисијата има нов состав.

Инаку, мое лично мислење е дека актуелната мешовита Комисија апсолутно не ги оправда очекувањата и не беше заштитник на националните интереси на македонскиот народ, изјави Мицкоски.

Мандатот на актуелниот состав на Комисјата истекува на 15. септември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Кедев продолжува да испишува историја: Искачен Cho Oyu, негов осми врв повисок од осум илјади метри надморска височина

Силвана Жежова

ДИК: 496.774 граѓани или 35,13 отсто гласале до 17 часот

Редакција

Том Круз, прв актер кој ќе снима филм во вселената

Редакција