еМагазин
Image default
Локално

Го прегазил возејќи товарно возило во рикверц

На 08.10.2018 година околу 14,00 часот било пријавено дека во Куманово на улицата „Бајрам Шабани“, каде се изведувале градежни работи за поставување на бекатон плочки, Џ.Ј. (46) од с.Липково-кумановско, движејќи се наназад со товарно моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистерски таблици го прегазил Ќ.А.(43) од с.Отља, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот, информира МВР.

Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Куманово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кангал нападна човек кој се шетал со миленичето во Тетово

Редакција

Преку Фејсбук му се заканил дека ставил бомби на службените возила

Редакција

Вкупна казна од 30.000 евра за 30 лица кои играа оро во Гевгелија за време на полициски час

Редакција