Застојот со вадење на лични документи и пасоши е надминат и тие се вадат во законскиот рок од 15 дена.
„Реорганизацијата која беше направена и кадровското доекипирање придонесе да се постигне заостанатата количина на пасоши и лични документи кои сега се издаваат во редовниот рок. Нема повеќе метежи и турканици пред шалтерите.
Досега се издадени 750.000 возачки дозволи со новото уставно име.Апелираме граѓаните да го искористат претстојниот период за да навремено се испочитува обврската,“ информираат од Влада.
Фото: МВР
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.