еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Во Сао Паоло празнат стари гробови, за да се направи место за починати од Ковид-19

Најголемиот град во Бразил, Сао Паоло, од вчера ги зајакнува напорите за ослободување на старите гробници со цел да се направи простор за зголемениот број на починати од Ковид-19, а општината регистрираше рекорден број погреби на ден оваа недела.

Гробари во северните предградија на Сао Паоло работат во заштитни комбенезони, бидејќи отвораат гробови од пред многу години, ги отстрануваат остатоците од мртвите и ги префрлаат на нова локација.

Операцијата за ексхумација е итна, бидејќи Бразил се наоѓа во најлошиот бран на коронавирусот од почетокот на пандемијата пред една година.

Министерството за здравство вчера објави 3.769 смртни случаи, што е нешто помалку од рекордот трет ден по ред.

Боливија вчера објави дека ги затвори границите со Бразил поради страв од пренесување на новата мутација на коронавирусот, пронајдена таму.

Биомедицинскиот институт Бутантан соопшти за нова мутација, додавајќи дека има слични карактеристики со јужноафриканската верзија и е поотпорна на постојните вакцини.

Чиле вчера, исто така, ги затвори своите граници за странците и го зајакна заклучувањето, со регистрирани повеќе од милион случаи.

– Она што се случува во Бразил е глобална закана, рече Хозе Мигел Бернучи, секретар на Чилеанското национално здружение на лекар.

Земјите во регионот се загрижени дека во Бразил се развиваат нови мутации на коронавирусот, поради зголемениот број случаи и одбивањето на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро да поддржи носење заштитни маски и наметнување „локдаун“.

Бразил во изминатата недела имал просечно по 3.100 смртни случаи и 74.000 новозаразени дневно, што е пораст, кој постојано се зголемува од февруари.

Во Сао Паоло се одржуваат и ноќни погреби за да им служат на многуте семејства кои чекаат, а издадено е дозвола и гробиштата да бидат отворени до 22 часот.

Оваа недела гробарите на гробиштата Вила Формоза со маски и целосни заштитни тимови копаат ред по ред гробници под рефлектори.

Во вторникот се одржале 419 погреби во Сао Паоло, најмногу од почетокот на пандемијата. Доколку погребите продолжат со исто темпо, градските власти ќе мора да преземат дополнителни мерки.

МИА/Фото/видео: AFP News Agency

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Прилеп во новогодишно руво

Редакција

Ако нема докази за убиствата, Палевски тешко ќе биде екстрадиран во Македонија?

Редакција

“Издржи Мерко, не си сам“: Твитер реакции

Редакција