еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“- слоганот под кој ќе се прославува Денот на независноста

По повод 8 Септември, Денот на независноста, Владата денеска организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“, информираат од таму.

Свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје, во 13:00 часот.

-Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна од страна на детски хор, по што ќе биде прикажан видео спотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески.

Програмата ќе продолжи со изведби на дела од македонски автори поврзани со оваа тематика од страна на државниот џез оркестар.

Во рамките на свеченоста ќе биде прикажан и специјално подготвен пригоден видео спот од прославата на независноста кое вклучува архивски материјали од Референдумот во 1991 година.

На крајот од свечената програма, со говор ќе се обрати претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија денеска слави 33 години независност

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

357 нови случаи на Ковид-19 од 1.387 тестирања, во Скопје 132

Редакција

Земјава не се снабдува со природен гас од гасоводот преку Украина, нема простор за грижа, велат од Влада

Редакција

Анкета на МЦМС и „Социетас цивилис“: Заев со поголема доверба кај граѓаните од Мицкоски

Редакција