еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија загрижена за отстапувањето од договорениот протокол: Што пишува во протесната нота до Бугарија

Македонија е загрижена за отстапувањето од договорениот протокол, стои во протесната нота на земјава која денеска му била врачена на бугарскиот амбасадор Желјаско Радов, бидејќи на средбата на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова со нејзиниот колега Румен Радев во Софија, Бугарија, го немаше македонското знаме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто го нема македонското знаме на средбите на Сиљановска Давкова и Љутков во Бугарија?

-Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан амбасадорот на Република Бугарија, Желјаско Радов, каде беше изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата претседатели, при што дополнително беше побарано објаснување од бугарската страна.

Во разговорот со бугарскиот амбасадор беше потенцирано дека средбата и заедничкиот ручек на двајцата претседатели поминале во пријателска атмосфера.

Дополнително, на амбасадорот Радуков му беше укажано дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е непријатно изненадено од последната изјава на амбасадорот Ангел Димитров, претседавач на бугарскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, дадена во емисијата „Офанзива со Љубомир Огњанов“ на Нова вести.

Изјавата во основа го нарушува начелото дека претседавачот на експертската комисија не треба да дава политички изјави за Владата на соседна држава, која е легитимно избрана. Сметаме дека оваа изјава е несоодветна и непримерна.

На средбата во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на амбасадорот Радуков, исто така, му беше пренесено дека Македонија и понатаму останува посветена на позитивен развој, унапредување и зајакнување на билатералните односи и соработката во сите области од заемен интерес за двете држави и нивните народи, за што беше потврдена подготвеност и од другата страна, се наведува во денешното соопштение на македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот амбасадор одбил да ја прими протестната нота

За Радев посетата на Сиљановска Давкова не била ниту државна, ниту работна, затоа го немало македонското знаме

Сиљановска Давкова отишла да пие кафе со Радев затоа немало македонско знаме, вели советникот на Радев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ склучи два договори со Kauchuk од Бугарија вредни 3 милиони евра

Редакција

Хан, Могерини, Столтенберг честитаа за уставните измени, никој не спомнува Северна Македонија

Редакција

Заев, Јанша и Вархеји: Нема друга опција освен европски Западен Балкан, Македонија и Албанија треба да ги почнат преговорите

Редакција