еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој е бугарскиот амбасадор Радуков, кој одби да ја прими протесната нота на МНР за македонското знаме

Амбасадорот на Бугарија во Македонија, Жељаско Радуков, кој неодамна стапи на оваа позиција е во фокусот на јавноста откако вчера одби да ја прими протесната нота на македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) за инцидентот со македонското знаме на средбата на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова со нејзиниот бугарски колега Румен Радев во Софија, Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот амбасадор одбил да ја прими протестната нота

Во протесната нота Македонија изрази загриженост за отстапување од договорениот протокол, па двајцата претседатели се фотографираа само со бугарското знаме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија загрижена за отстапувањето од договорениот протокол: Што пишува во протесната нота до Бугарија

Инцидентот предизвика лавина од негативни реакции во Македонија, а за Бугарија пак нема ништо спорно, бидејќи посетата на македонската претседателка не била ниту државна, ниту работна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Радев посетата на Сиљановска Давкова не била ниту државна, ниту работна, затоа го немало македонското знаме

Кој е Радуков

Според информации на бугарското Министерство за надворешни работи (МНР) тој е дипломат од кариера со искуство во повеќе области на односите меѓу Бугарија и земјите од Западен Балкан.

Професионалната кариера ја почнал во директоратот на бугарското МНР за Југоисточна Европа каде што во различни периоди бил одговорен за Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, и работел на серија прашања од билатералните односи со овие земји, вклучително и нивната европска димензија.

Во Македонија, Радуков бил трет секретар во бугарската амбасада во периодот од 2010 до 2013 година, по што бил прв секретар во Амбасадата на Бугарија во Белград.

Од 2021 година Радуков е одговорен во бугарското МНР за Македонија и тоа и за билатералните односи, но и за европскиот контекст.

Радуков имал клучна улога и во креирањето и спроведувањето на европскиот компромис од 2022 година (т.н. француски предлог), вклучувајќи ги билатералните преговори за Протоколот од вториот состанок на Меѓувладината комисија, потпишан во јуни 2022 година.

Радуков е и организациски секретар на Мешовитата историска комисија со Бугарија, а активно работи и на заштита на правата и културно-историското наследство на бугарската заедница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протесната нота на бугарскиот амбасадор ќе му биде доставена по дипломатски пат

Видов дека го нема знамето и мислев да си заминам, но ќе направев скандал, објасни Сиљановска Давкова за инцидентот во Бугарија

Сиљановска Давкова отишла да пие кафе со Радев затоа немало македонско знаме, вели советникот на Радев

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поскапуваат бензините и дизелот

Редакција

За тие што ќе летуваат во Црна Гора, на сила се две ковид-мерки

Редакција

Режисерот Мајкл Мур иронично ги повика Американците да ја посетат Македонија

Редакција