Фирмата “Винора“ ДООЕЛ Скопје, која беше единствениот понудувач на вториот тендер за набавка, монтажа и пуштање во употреба на системот на компресорските станици на Клиничкиот центар “Мајка Тереза„ Скопје е избрана како најповолен понудувач, информираа од Министерството за здравство.
Од таму велат дека договорот ќе биде потпишан во наредниот период, согласно законските рокови, а инсталацијата и монтажата на опремата треба да се изврши во рок од четири месеци, сметано од денот на склучување на договорот, согласно објавените услови во тендерската документација и објавениот Оглас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Непријатниот мирис во операционите сали бил од формалдехид, вели Таравари
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.