еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Минималната плата од март ќе порасне на 22.500 денари

Во март следната година ќе има ново покачување на минималната плата на 22.500 денари, а истото на Фејсбук го потврди министерот за економија Крешник Бектеши.

Минималната плата моментално изнесува 20.175 денари.

Зголемувањето на платата произлегува од измените на Законот за минимална плата, донесени во март лани, со кои се воспостави нова методологија: минималната плата се усогласува согласно податоците од Државниот завод за статистика, и тоа 50% од порастот на трошоците за живот и 50% од порастот на просечната плата од измината година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За што се е обвинет Мијалков, освен за прислушувањето?

Редакција

Ковид-19 ја намали добивката на големите градежници, „Фабрика Карпош“ исклучок со зголемување од 666 отсто

Редакција

(Фото) Сиљановска Давкова во Швајцарија имаше средба со потпретседателката на САД, Харис

Редакција