еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Кај Охрид исчезна белгиски турист, шест дена ни трага од него

На 18. септември белгиската Амбасада во Македонија информираше дека е исчезнат нивни граѓанин.

Станува збор за Ј.М. (72), кој имал план да планинари во регионот на Охрид – Струга (Вевчани) – Дебар (Битуше), како и на север кон Албанија.

Нема потврда дали лицето се упатило на планинарење и кои од овие локации ги поминало.

Од Националниот сојуз за планинско спасување вчера информираа дека пет дена се трага по него.

Во акцијата за пребарување и спасување се вклучени националните спасителни тимови на Македонија, Албанија и Косово, како и Интерпол и Граничната полиција.

И покрај темелното пребарување на етапите од 14 до 20. септември на македонска и албанска територија, сè уште не е пронајдена ниту една трага од исчезнатиот турист.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Македонката Елена Реи блесна во креациите на еден од најстарите и најдобри германски дизајнери Marc Cain

Редакција

Вкупно 1.164 здравствени работници се заразиле со Ковид-19, починале осум

Редакција

(Галерија) Дизајнот на ТиноСки предизвикува насмевки, емоции и го буди детето во нас

Силвана Жежова