еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија ќе почне преговори со ЕУ кога ќе ги внесе Бугарите во Уставот, порачаа од Европската комисија

Македонија ќе ги отвори првите поглавија со Европската Унија (ЕУ), односно официјално ќе ги почне преговорите откако земјата ќе ги исполни релевантните критериуми што се договорени со Советот на ЕУ, изјави денеска портпаролката на Европската комисија (ЕК) за проширување, соседска политика и меѓународни партнерства Ана Писонеро.

Таа потврди и дека Албанија на 15. октомври ќе го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја, со отворање на преговорите по Кластерот 1 – „Основи вредности“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија се одвојува од Македонија на патот за влез во ЕУ, објави „Еуроактив“

“Нашиот став е многу јасен, Комисијата со нетрпение очекува почеток на преговорите по Кластерот „Основи вредности“ што со Албанија и со Северна Македонија што е можно поскоро, откако Северна Македонија ќе ги исполни релевантните критериуми што се договорени со Советот, рече таа и појасни дека тие „релевантни критериуми“ ги вклучуваат уставните амандмани за вклучување на Бугарите во Уставот.

„Европскиот совет ја повика Северна Македонија да го забрза спроведувањето на овие измени, рече таа, додавајќи дека одлуките за следните чекори во пристапниот процес се во надлежност на земјите членки на ЕУ, а не на ЕК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се изживуваат врз нас и се испраќа лоша порака кон македонските граѓани, вели Мицкоски за раздвојувањето на Македонија и Албанија на европскиот пат

Задоволство во Бугарија оти Македонија ќе се одвои од Албанија на европскиот пат

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се испорачуваат одобрените учебници од прво до седмо одделение, од МОН тврдат дека учениците ќе ги имаат сите учебници пред почетокот на новата учебна година

Редакција

910 набљудувачи и 32. странски новинари ќе ги следат изборите во среда

Редакција

Осум лица починаа од Ковид-19

Редакција