еМагазин
Image default
Бизнис

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6. октомври

Од Македонски телеком ги известуваат корисниците дека за време на претстојниот викенд, на 5 и 6. октомври 2024 година, продавниците на Телеком низ цела Македонија нема да работат.

-Се работи на имплементирање на нова ИТ платформа којашто ќе го подобри оперативното работење за подобро корисничко искуство.

Дополнително, викендов нема да биде во функција ниту онлајн продавницата на Телеком поради истата надградба.

Од понеделник, 7. октомври, сите продажни канали ќе бидат повторно достапни.

Целта на креирањето на новата иновативна ИТ платформа е унапредување на секојдневните деловни процеси, зголемување на продуктивноста на вработените, како и поефикасно опслужување на корисниците, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Железничкиот сообраќај нормализиран, исплатен вториот дел од октомвриската плата

Редакција

Штипски Макпромет лани со добивка

Редакција

(Галерија) Царовска и Жбогар на закројување на лозје во „Попова Кула“ во Демир Капија

Редакција