еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Синот на Мицкоски, Јован, не престојувал во САД на државен трошок, утврди Антикорупциска

Синот на премиерот Христијан Мицкоски не престојувал во САД на државен трошок, утврди Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) И синот на Мицкоски бил во Вашингтон, објави поранешната министерка Петровска

Осумнаесетгодишниот Јован Мицкоски сам си платил и за авионските карти и за сместување во САД во јули, за неговото патување на Самитот на НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синот на Мицкоски не беше дел од НАТО делегацијата, велат од МНР

Според документацијата која ДКСК ја добила од Владата, во државната делегација за Самитот имало 21 лице, претставници од канцеларијата на премиерот, од министерствата за надворешни работи, за одбрана и за внатрешни работи, амбасадата на Македонија во Вашингтон и од постојаната делегација на Македонија во НАТО.

Авионските билети ги резервирала владината Служба за општи и заеднички работи, и тоа за 21 лице од списокот на кој не било наведено името на синот на премиерот, информираа од ДКСК.

ДКСК констатира дека синот на Мицкоски престојувал во апартмани, а не во хотелите каде што била сместена државната делегација, а фактурите за сместувањето во апартмани биле на име на физичко лице.

Синот на премиерот не бил дел од официјалната делегација и не присуствувал на ниту еден официјален состанок или средба, туку само на предавањето на неговиот татко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синот на Мицкоски не беше дел од НАТО делегацијата, велат од МНР

(Фото) Синот на Мицкоски, Јован стана полнолетен

Фото: Џозеф Едвард/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еве кои улици од вечерва на полноќ ќе бидат затворени поради Виз Ер Скопски Маратон

Редакција

(Фото) Бездомните кучиња во Скопје добија десет куќички

Редакција

Во „изгубениот“ мобилен телефон нема ништо, Катица го форматирала

Редакција