еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Поранешниот шкотски премиер во Охрид починал од срцев удар

Како што и претходно неофицијално се претпоставуваше, срцев удар е причината поради која во Охрид за време на конференција почина поранешниот премиер на Шкотска, Алекс Салмонд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешен шкотски премиер почина на конференција во Охрид

Информацијата ја соопшти неговото семејство.

Тој почина во хотелот „Инекс Олгица“ додека за време на ручек добил удар и паднал наназад од столче, а обидите за негова реанимација беа неуспешни.

Салмонд во Охрид учествуваше на второто издание на Форумот за културна дипломатија во коорганизација на кабинетот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“ и Институтот за културна дипломатија од Берлин.

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Немаше владина одлука за набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци, сведочеше Зеќири на денешното рочиште против Рашковски

Редакција

Врнежи од утревечер, во петок стабилизирање на времето

Редакција

Ќе останеме ли без Виз ер?

Редакција