еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Оружјето со кое е убиена Вања се уште не е најдено, пријател на татко и имал снимка од возилото на Панче

Денеска во Кривичниот суд Скопје продолжи судењето за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Музафер Каришиќ, сведок на Јавното обвинителство, кој кога почнала истрагата бил помошник на началникот на СВР за криминалистички работи, меѓудругото кажа дека пиштолот со кој е убиена Вања се уште не е најден.

Карашиќ, кој учестувал во истрагата кажа и дека извесен Гоце, пријател на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој е еден од петте обвинети, имал снимка и од автомобилот на Панче, но двајцата не кажале од каде им е.

-Таткото повеќе се интересираше, што ние имаме, отколку да помогне во истрагата. Од страна на Гоце ми беа испратени многу пораки и снимки. Една би издвоил. Гоце ми испрати слика и снимка од возило на бензиска пупма во Велес. Ние тогаш не знаевме за какво возило се работи. Тогаш не нѝ беше јасно, бидејќи не беа поврзани случаите.

Подоцна сфативме дека на сликата беше Панче со уште едно лице во возилото. Подоцна ние аналзииравме од каде им е таа снимка на Гоце, но не кажаа од каде им е, рече полицаецот, кој потенцираше дека пријателот на таткото на Вања не дал појаснување од каде им е снимката, и дека имал роднина кој работел на бензинска пумпа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинетиот Влатко Кешишев ја однел полицијата до местото каде била закопана Вања

Палчо ќе го брани уште еден адвокат

Таткото на Вања на полицијата и кажал дека таа е киднапирана и убиена и дека џабе ја бараат

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 44 случаи на Ковид-19, оздравени 47, нема починати

Редакција

Обвинителката Русковска не открива многу детали, но вели дека се собрани дел од доказите за бегството на Груевски

Редакција

Пратеникот Манојлоски напушти комисиска расправа, бидејќи полицајци му вршеле претрес кога одел накај Собранието

Редакција