еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

dm започна со поставување диспанзери со хигиенски влошки на сите државни универзитети во Македонија

На денешната прес-конференција, компанијата „dm дрогерие маркт“ објави значајна иницијатива во рамките на својата борба за менструална правда, со која ќе се постават над 200 диспанзери за хигиенски влошки на државните универзитети во Македонија.

Оваа кампања е насочена кон подигање на свесноста за менструалниот циклус и борбата против менструалната сиромаштија во нашата земја.

„Започнувајќи од овој месец, во договор со државните универзитети, започнавме со поставување на над 200 диспанзери со хигиенски влошки во женските тоалети на сите седум државни универзитети во нашата земја.

Поставувањето на диспанзерите го започнавме и ќе завршиме навремено според планот постигнат со универзитетите, а ќе бидат редовно дополнувани со хигиенски влошки од нашата приватна марка „Jessa“ во текот на 2024 и 2025 година.

Вредноста на проектот до крајот на оваа година изнесува 1,5 милиони денари, а проектирано е инвестирање на годишно ниво во вредност над 2,5 милиони денари,“ истакна Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во „dm дрогерие маркт“.

Заложбите на компанијата за менструална правда се сестрани и започнаа многу порано. Во текот на 2024 година „dm дрогерие маркт“ започна со долгорочно намалување на цените на хигиенските влошки и тампони од својата приватна марка „Jessa“, што им овозможува на жените во Македонија да купуваат по поволни цени. Оваа акција има за цел да застане рамо до рамо со секоја жена и да ја поддржи во борбата против менструалната сиромаштија.

Кампањата за менструална правда продолжи и изминатото лето, со поддршка на физичкото, менталното и емотивното здравје на жените. Во јуни, јули и август компанијата организираше настани во кои учествуваа дерматолози, гинеколози, нутриционисти и психолози, кои разговараа за важни теми поврзани со здравјето на жените. Секој од овие настани беше посветен на детабуизација и дестигматизација на менструацијата, притоа истакнувајќи ја важноста на менструалната правда во Македонија.

Сите овие напори резултираа во создавање на „Женски ритам“, првиот поинаков поткаст посветен на жените, со четири уникатни епизоди исполнети со поддршка и знаења. Учесниците споделија корисни совети за одржување здрав начин на живот, посветувајќи внимание на менструалното здравје, менталното здравје, но и други поважни теми за успехот на секоја жена.

Преку платформата за донации и општествено одговорни активности ‚‚{ЗАЕДНО} едни за други‘‘, „dm дрогерие маркт“ во текот на јули и август распиша конкурс за пријавување проекти кои имаат за цел подобрување на менструалното и репродуктивното здравје на жената.

Преку платформата пристигнаа повеќе од 60 апликации, а со инвестирање на повеќе од три милиони денари „dm дрогерие маркт“ ја поддржа реализацијата на шест најзначајни проекти кои ќе придонесат за подобрување на: свесноста за најпредизвикувачкиот втор ден од менструалниот циклус, превентивни гинеколошки прегледи, едукативни работилници за менструално здравје во училиштата, подигање на свесноста за менструалното здравје кај жените Ромки, проект за самоподдршка на жените во менопауза и подобрување на нутритивно-диететските навики кај жените за време на менструалниот циклус.

„dm дрогерие маркт“ со особено задоволство го најави продолжението на кампањата за борба против менструалната сиромаштија, кое ја носи пораката ‚‚Никогаш повеќе сама‘‘. Предвидено е поставување на над 200 диспанзери со бесплатни хигиенски влошки од приватниот бренд „Jessa“.

„Менструалниот циклус не е табу! Иако оваа тема, според големото меѓународно истражување што го претстави компанијата „dm дрогерие маркт„, е сѐ уште непријатна за разговор кај голем дел од жените, таа за нас е повод за позитивни промени. Менструалниот циклус и менструалната сиромаштија се две важни теми за кои вреди да се бориме и се бориме како ‘dm дрогерие маркт’,“ додаде Дуранска.

Главен лик на кампањата е Бести – новата виртуелна најдобра другарка на секоја студентка, која ќе биде тука да ѝ помогне во непредвидливи моменти. Бести ќе ги поддржува студентките со сигурност и надеж, а во текот на кампањата ќе се организираат и панел-дискусии, предизвици и едукативни содржини.

На крајот Кристина Дуранска изрази благодарност до државните универзитети за одличната соработка која ќе продолжи и во текот на проектот, но и до Министерството за образование и наука и министерката Весна Јаневска за поддршката на иницијативата.

„Ние продолжуваме да бидеме на страната на жените давајќи поддршка за предизвиците и природните процеси. Со нашата иницијатива работите ќе бидат многу полесни бидејќи ние сме тука за вас“, заклучи таа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Лабораториум“ ги повикува сите дизајнери и занаетчии за учество во „Лаб дизајн маркет“

Редакција

Комерцијална банка го продаде имотот на Еуроникел индустри, кој го купи?

Редакција

Пет дена пред да оди во затвор, Сеад Кочан легна болен

Редакција