еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пад на температурите за викенд: Облачно и свежо време

Викендов времето во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно свежо со сончеви периоди, а ќе дува  и слаб до умерен ветер од југоисточен правец, и истиот, особено до крајот на денешниот ден и долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет.

Ќе има услови и за слаб локален дожд, особено во западните предели.

Во Скопје  и околината викендов ќе имаме слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, а до крајот на денешниот ден  повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.

Во Скопје максималната температура викендов ќе се искачува во интервалот помеѓу 18 и 19 степени.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Некстсенс“ го доби тендерот на Фондот за здравство за одржување и надградба на софтверско решение вреден 440.000 евра

Редакција

Минатата недела за 2,3 пати помалку починати од Ковид-19

Редакција

КХВ даде зелено светло за купувањето на Охридска банка од страна на Шпаркасе банка

Редакција