еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонскиот БДП лани пораснал за 2,1%

Државниот завод за статистика објави дека бруто-домашниот производ (БДП) во 2023 година изнесувал 897.694 милиони денари и во однос на 2022 година, номинално е зголемен за 10%, а реално за 2,1%.

Најголемо учество на додадената вредност со 18,9 % во структурата на БДП, во 2023 година, имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.

Финалната потрошувачка во 2023 година во структурата на БДП учествува со 83,4%. Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2023 година изнесува 67,8%.

Вредноста на инвестициите во основни средства во 2023 година изнесува 222 114 милиони денари. Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 57,9%, машините и опремата со 32,6%, а останатите инвестиции со 9,5%.

Фото. Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пресудата на 5 јуни: Конечно се одржаа завршните зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово

Редакција

Дојава за бомба и во основно училиште во Кавадарци

Редакција

Каков имот пријавил Башким Хасани, заменик министерот за одбрана

Редакција