Вечерва во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето.
Стрелките од часовникот се враќаат еден час назад.
Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.
Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави низ светот.
Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од Африка.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.