еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Сите детали: Каков ќе биде протоколот за спортските тренинзи

Согласно олабавување на рестриктивните мерки, Владата издаде протокол за тренинг на спортисти во поединечни спортови.

Согласно препораките, организацијата на тренинзите е дозволена единствено во спортски објекти кои можат да ги задоволат техничките и сигурносни услови со можност за физичко растојание од пет метри помеѓу секој спортист, односно да е обезбеден простор од 20 метри квадратни по спортист, со организација на тренингот за најмногу пет лица вклучително и еден тренер со минимален број на технички лица (најмногу две лица).

Потребно е во спортскиот објект да се обезбедат сите санитарно-хигиенски услови и да се воспостави евиденција за тренингот со податоци за спортистите, тренерот, асистентот и други лица потребни за тренингот заради лесно следење на контактите

„Тренинзите се организираат по претходно направен распоред за време на тренинзи со список на спортисти и тренери. Пред почеток на тренингот се прави термален скрининг  и се забранува тренинг на лице со покачена температура и истото се отстранува. Во случај на потреба на здравствен работник на тренингот при близок контакт со здравственото лице мора се користат заштитни маски, ракавици и визир од страна на здравствениот работник.

Спортистите и тренерите доаѓаат на тренинг поединечно со свое возило и опрема и во опрема за тренинг со што се избегнува користење на соблекувалните. Во текот на тренингот се препорачува растојание од 5м помеѓу секој спортист и тренер како минимално растојание. Тренингот да се обавува на отворен простор,“ препорачуваат од Владата.

По завршување на тренингот, потребно е опремата за тренинг и реквизити да се дезинфицираат со средство кое е 70% на база на алкохол. Тренинзите во контактните спортови се препорачува секогаш да се одвиваат по принцип „ист спортист со ист тренер“.

Секој спортист мора да има сопствено со име обележано шише со напитоци. По завршување на тренингот спортистите и тренерот заминуваат дома поединечно без туширање и без влегување во соблекувалните почитувајќи ги мерките за физичко растојание, еден по еден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Моловите се отворија, каков ќе биде протоколот за работа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Коста Петров утре ќе ја промовира првата детска сликовница и шеста книга „Се што би сакал да знаев порано“

Редакција

Проф. Трајковски: Уште долго време епидемијата ќе осцилира како јо-јо, досегашните бранови се повторуваа со период од околу 4-5 месеци

Редакција

“Рекет“ “удри“ и на предметите на СЈО за кои во тек се судења

Редакција