Во новата кампања за есен – зима на популарниот бренд за облека Бершка едно од заштитните лица е и нашиот интернационален модел Татјана – Тати Јанушева.
„Целата кампања се работеше на улиците на Лондон каде сакаа да ја прикажат динамичноста и урбаноста на младите луѓе. Во тој период нашата убавица престојуваше во Лондон, веднаш потоа замина за Мадрид каде работи на други модни проекти.
Јанушева одлично се вклопи во светската модна сцена каде веќе има работено со врвни дизајнери и многу различни брендови што ја прави успешна и светска. За нејзината кариера се грижат Јелена Ивановиќ (JS Management ) и реномираната светска агенција NEXT Management.
Навистина еден од ретките наши модели кои веќе има позади себе респектабилно портфолио,“ изјавија од нејзината матична агенција Моделс Ин од Скопје.