Македонската политичарка Радмила Шекеринска е во фокусот на јавноста и на медиумите откако беше избрана за заменик генерален секретар на НАТО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радмила Шекеринска стана заменик генерален секретар на НАТО
Таа е прв македонски политичар кој стигнал до ваква висока позиција.
еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Антикорупциската комисија пред околу четири години, кога по вторпат стана министерка за одбрана, кој го имаме во архива.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Koja e Шекеринска, која стана заменик генерален секретар на НАТО
Таа извесно време не врши јавни функции и нема обраска да го пријави имотот.
Каков имот пријавила
На свое име пријавила стан во Скопје од 50 метри квадратни, проценет на 2,7 милиони денари.
На име на сопругот пријавила стан со двор во Скопје од 143 метри квадратни, проценет на 240 илјади евра и уште еден стан, кој е подарок, од 61 метар квадратен, исто во Скопје.
Тогаш нејзиниот сопруг возел Триумф, проценет на 799 илјади денари.
Шекеринска во тој период имала и побарување врз основа на даден заем од 610 илјади денари, а на свое име и на име на сопругот пријавила и неколку денарски и девизни сметки и депозити.
На име на сопругот пријавила два кредити, од кои едниот треба да биде исплатен годинава.
На свое име, на име на сопругот и на име на децата пријавила и животно осигурување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска Давкова утре лично ќе и честитала на Шекеринска
Мицкоски вчера и честитал на Шекеринска
Бугарските медиуми во неверување дека Шекеринска стана втор човек на НАТО, а не Бугарката Габриел
Фото: Шекеринска/Фејсбук