еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Осудени 13. лица кои го силуваа 14-годишното девојче од Велес

Тринаесетте лица кои беа обвинети за силување на 14-годишното девојче од Велес денеска беа осудени на затворски казни. Највисоката е 5 години и 6 месеци, а еден од нив доби условна казна.

-С.Д. е осуден на казна затвор од 5 години и 6 месеци, Д.С., и Д.Н. на казна затвор од 4 години и 6 месеци, Т.И., С.Н. на казна затвор од 4 години, А.Ф., Б.Ф., А.З., Т.Л., Р.В., на казна затвор од 1 години 6 месеци, К.Т., на казна затвор од 1 година и 3 месеци, а на обвинетиот Б.К. Судот му изрече Условна осуда од 2 години затвор која нема да се реализира доколку следните 5 години не стори ново кривично дела како мерка заштитен надзор, информираа од Судот..

Судот ги задолжи осудените да ги покријат судските трошоци, а петмина од нив ќе останат во куќен притвор до правосилноста на пресудата.

Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, главниот обвинет преку „Инстаграм“ воспоставил контакт со девојчето, убедувајќи ја дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба направил порнографски материјал, со кој ја уценувал да учествува на средби каде присуствувале и другите обвинети.

Инцидентите се случувале во станови на различни локации во Велес, каде обвинетите претходно консумирале алкохол и дрога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со дрога и алкохол сексуално се иживувале врз 14-годишното девојче: Детали од Обвинителството за петте приведени лица од Велес и Тетово

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо пренос од историскиот меч на Вардар, во живо од пречекот: Кво вадис МРТ?

Редакција

Минатата недела 195 нови случаи на Ковид-19, починати нема

Редакција

Нови 464 случаи на Ковид-19, во Скопје 225

Редакција