еМагазин
Image default
Бизнис

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, од полноќ се зголемуваат за 1,00 односно 1,50 денари од литар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 74,50, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 76,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 69,00 денари.

За 2,5 денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе чини 58,00 ден/лит.

Се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС за 2,659 денари и еден килограм ќе се продава за 38,409 денари.

Регулаторната комисија го образложува поскапувањето на горивата со зголемување на просечната цена на суровата нафта за 4,74 отсто во изминатите две недели.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нациoналната агенција за европски образовни програми си купи џип, лимузина и комбе од „Порше лизинг“

Редакција

Сава Димитрова и Таки Фити не се повеќе членови на НО на Комерцијална банка

Редакција

Македонијатурист ќе дели дивиденда, кои се најголемите акционери

Редакција