Македонијатурист АД Скопје останува во фокусот на инвеститорската јавност откако таму периодов во неколку наврати настана промена на сопственичката структура.
Најнов акционер над 5% е Промедика ДООЕЛ Скопје, која сега поседува 8,68% од вкупниот број на акции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доне Таневски продаде 25.669 акции во Македонијатурист, купија Скопски пазар и Промедика
Оваа промена настана откако најголемиот акционер во Македонијатурист, Доне Таневски, продаде свои акции и сега наместо 23,4%, поседува 17,72% од вкупниот број на акции на Друштвото.
Втор најголем акционер е Скопски пазар АД Скопје, кој ја зголеми сопственоста од 9,9% на 10% од вкупниот број акции.
Следи самото Друштво, кое поседува 10% од акциите, но тие согласно законската регулатива се стерилизирани и не носат право на глас, ниту носат дивиденда.
Акционери над 5%, остануваат и Сава пензиски фонд, кој поседува 8,80%, Симеон Павлов, кој поседува 8,19% и МГ фешн, кој поседува 7,69%.
Денеска на продажба е пакет од 44.449 акции на Македонијатурист преку моделот „се или ништо“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре на продажба 44.449 акции на Македонијатурист преку моделот “се или ништо“
Македонијатурист е сопственик на хотелите Холидеј Ин, Карпош, Водно, Бристол, Јадран, Best western и Bellevue.
Фото: Холидеј Ин/Фејсбук