Од Државниот завод за статистика соопштија дека вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – октомври 2024 година, изнесува 6.564,1 милион евра и бележи пад од 5,5% во однос на истиот период од претходната година.
Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 9.189,4 милиони евра, што е за 0,5% помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2024 година, изнесува 2.625,3 милиони евра. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – октомври 2024, изнесува 71,4%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821,1 и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.
Во периодот јануари – октомври 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.