еМагазин
Image default
Локално

СВР Тетово поднесе кривична пријава против лицето кое си ја уби сопругата во Мала Речица

Секторот за внатрешни работи Тетово денеска  поднесе кривична пријава против 53-годишниот А.К. од тетовска Мала Речица, поради основи на сомнение дека сторил три кривични дела: „убиство“ , „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Осомничениот А.К. делата ги извршил на 14 октомври 2018 година во периодот од 22 до 23 часот во Мала Речица, со пиштол што го поседувал без дозвола, а со кој ја убил неговата сопруга Х.К.( 52 ) и се обидел да го убие Р.Џ.( 50 ) од Мала Речица.

Педесет и тригодишниот А.К. денеска (16 октомври) ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

ПОВРАЗНИ ВЕСТИ

Уапсен сопругот, осомничен за убиство на жената во Мала Речица

Убиецот се уште во бегство: Детали од Обвинителството за убиството во Мала Речица

Тетовчанец си ја убил сопругата и избегал

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претепал обезбедувач во ноќен клуб во Битола

Редакција

Почина еден од повредените на „Пластичарска“

Редакција

Косовар со пасош на скопјанец сакал да влезе во државата

Редакција