еМагазин
Image default
Балкан

Дачиќ: Знаеме дека не прислушкуваат „некои западни сили“

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека му е познато оти „некои западни сили ги прислушкуваат државниот врв на Србија“. Тој додаде дека тоа воопшто не го вознемирува, бидејќи власта нема што да крие од народот.

– Сите разговори ги водам во својот кабинет. Немам страв од тоа, бидејќи не криеме од никого. Србија не води двојна политика. Предноста е во тоа што се за што зборуваме го кажуваме и јавно, изјави Дачиќ за српски „Телеграф“.

Тој, сепак, оцени дека шпионирањето е голем и сериозен проблем со кој службите за безбедност треба „сериозно да се занимаваат“.

Весникот вчера објави дека претседателот на Србија, премиерката Ана Брнабиќ и сите министри се „цел на разузнавачи на НАТО во акција Матрикс 2“, но и дека „оперативци на БИА на време разоткриле такви намери на западната Алијанса“.

МИА/Фото: Блиц

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Повредени 10 полицајци: Во Белград жестоки судири помеѓу полицијата и противниците на „Европрајд„

Редакција

Привремено одземен имотот на таткото на масовниот убиец од белградското училиште на барање на семејствата на жртвите

Редакција

Кирил Петков сослушан за приведувањето на Бојко Борисов

Редакција