еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Шестмина скијачи на Попова Шапка се изгубиле заради густата магла, побарале помош од ЦУК

Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) била добиена пријава дека на Попова Шапка се изгубиле шест лица, кои не можеле да се ориентираат и побарале помош, информираа од ЦУК.

Со ски-лифт се качиле горе на скијачките патеки и кога се обиделе да се спуштат надолу паднала многу густа магла, а и поради снегот што бил нов и немало изгазена патека од други скијачи, тие не можеле да се ориентираат за правец за спуштање, па се јавиле за помош на 112.

Од ЦУК веднаш биле известени СВР Тетово и раководителот на РЦУК Тетово. Во меѓувреме, лицето вработено на ски-лифтот пронашло пет од изгубените лица, а подоцна во 16.15 часот го пронашло и шестото изгубено лице.

Прво сите биле згрижени во полициската станица на Попова Шапка, а потоа безбедно се вратиле во нивните домови.

Фото: Ски-центар Попова Шапка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев се сретна со Црвенковски: Заедно ќе бараат проширувањето на ЕУ да излезе од крстопат

Редакција

Тешко на семејствата што живеат со една плата: Раст на основните трошоци на едно четиричлено семејство во март

Редакција

73,3% од починатите од Ковид-19 имаат претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна болест, дијабет и белодробна болест

Редакција