Продолжува трендот на раст на цените на угостителските услуги.
Според Државниот завод за стистика цените на угостителските услуги во декември лани, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 6.1 %.
Во споредба со ноември 2024 година, пак, цените пораснале за 0.6 %.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5.6 %, додека во однос на декември 2023 година, е забележан раст од 3.5 %.
Фото: Унсплеш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.