По повеќе од 15 месеци војна радикално исламистичката група Хамас и Израел се договорија за прекин на огнот. Договорот треба да стапи на сила во недела, а спроведувањето на истиот ќе го нагледуваат САД, Катар и Египет.
Договорот во првата фаза вклучува првичен шестнеделен прекин на огнот, постепено повлекување на израелските сили од Појасот Газа, за да можат раселените Палестинци да се вратат, ослободување на заложниците кои ги држи Хамас и ослободување на палестински затвореници кои ги држи Израел.
Хамас и неговите сојузнички милитантни групи во првата фаза треба да ослободат 33 израелски заложници, а Израел стотина палестински затвореници.
Израел во првата фаза ќе задржи и тампон зона во Газа.
Војната започна откако на 7. октомври 2023 година откако Хамас и Исламскиот џихад го нападнаа Израел, при што според земјата, беа убиени 1.200 лица, а околу 250 беа киднапирани и однесени во Газа. Неколку од заложниците беа ослободени.
Во текот на војната, пак според податоци на палестинските власти, се убиени над 46.600 Палестинци, меѓу кои има многу деца и жени. Бројот на жртви најверојатно е многу поголем, бидејќи многу лица се водат за исчезнати.
Celebrations erupt in Gaza's streets after the ceasefire deal is reached.#Gaza #Hamas #GazaCeasefirepic.twitter.com/7RCQBW1Arm
— Muslim Voice (@MuslimVoice_eng) January 15, 2025
Постигнувањето на договорот беше прославен на улиците на Газа и Израел.
Фото: Унсплеш